Мкедонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром објави дека двајцата клучни играчи од претходните неколку сезони, браќата Дамјан и Војдан Стојановски ги продолжија договорите. За капитенот Дамјан ова беше биде 11-та сезона во сино-белиот дрес. Тој има освоено девет тиутли со аеродромската гордост.
Неговиот брат-близнак, Војдан, се приклучи на МЗТ на почетокот на 2022 година и веднаш покажа дека е вистински лидер на теренот. Тој е еден од најзаслужните за трофеите кои МЗТ ги освои во последните две години.
„Обновата на соработката со браќата Стојановски е само продолжување на нашата клупска политика за формирање тим предводен, пред сè, од квалитетни македонски кошаркари. Договор со нашиот тим имаат уште Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, со што веќе имаме затворено половина од ростерот за средбите што нѐ чекаат во домашните натпреварувања и во АБА2-лигата. Потпишувањето со Дамјан и Војдан е само почеток на ангажманот на нашиот клуб на летниот трансфер-пазар, што значи дека во следниот период ќе информираме за дополнителните засилувања, меѓу кои ќе бидат квалитетни Македонци и неколку одлични интернационалци“, потенцираат од МЗТ Скопје Аеродром.