Дани Алвес прв пат се појави во јавноста откако беше уапсен: Бразилецот не личи на себе (Видео)

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес повеќе од половина година е во затвор, откако беше обвинет за силување на една девојка во ноќен клуб во Барселона. Алвес беше уапсен на 20 јануари и веднаш заврши во затвор каде го чека почетокот на судењето.

Алвес неколку пати го меннуваше исказот околу тоа што се случило во кобната вечер во декември минатата година, кога една 23-годишна девојка го обвини за силување.

Неодамна Алвес се појави пред судот каде се гледа дека Бразилецот е многу ослабен.

Алвес неколку пати бараше да биде пуштен на слобода додека дојде судењето, но тие негови барања беа одбиени поради страв дека фдуаблерот може да избега во Бразил, земја која нема склучено договор за екстрадиција со Шпанија.

Доколку биде прогласен за виновен, Алвес може да биде осуден на 12-годишна затворска казна.

 

- Оглас -

Најнови вести