Дани Алвеш ќе се обложи и во Ајфеловата кула за да покаже колку е сигурен

Шпекулациите околу заминувањето на Нејмар во Пари Сен Жермен се секојдневни, но не сите веруваат дека ќе се случи Бразилецот да си замине од „Паркот на принцовите“ во овој летен преоден рок. Соиграчот на Нејмар, но и сонародник, Дани Алвеш е многу сигурен дека првата ѕвезда на тимот ќе остане во Париз и следната сезона. Ако постоела понуда, Алвеш дури би се обложил и во Ајфеловата кула, за тоа дека Нејмар нема да го смени клубот.

„Верувам дека Нејмар ќе остане во Париз. Сакате да се обложиме и во Ајфеловата кула? Реал бара многу играчи во своите редови, па не би се изненадил дури и да ми се јават и на мене. Јас сигурно би ги одбил. Мислам дека и Нејмар би го направил истото. Што се однесува до можното враќање на Нејмар во Барселона, мислам дека и тоа е невозможно сега“, вели Алвеш.

Вечерва со почеток од 21:05 часот се играат сите мечеви од последното коло во француското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести