Даниел Малдини ќе замине на позајмица во СПАЛ, се прекинува речиси полувековна традиција на неверојатната Династија на Милан

Даниел Малдини има понуда од СПАЛ да игра за италијанскиот второлигаш до крајот на сезоната како позајмен играч од Милан, со што би се прекинала една неверојатна низа што ја почна неговиот татко Паоло Малдини во 1978 година.

Во 1978 година, легендарниот дефанзивец стана член на младинската Академија на Милан и до 2009 година играше само за Росонерите и за ниту еден друг клуб.

Следната година по неговите стапки тргна и синот Даниел, па во 2010 година и тој стана член на младинската школа на Росонерите и веќе 12 години го носи дресот со „црвено-црни“ бои.

Сезонава го постигна и првиот гол за Милан на дуелот против Специја на 25 септември, кога за првпат беше и стартер во тимот на Росонерите.

Даниел има 20 години и од 2020 година, кога беше префрлен во сениорскиот тим на Милан, одигра вкупно 14 натпревари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести