Даниловиќ поднесе оставка, но неговите соработници не ја прифатиле и бараат да остане прв човек на српската кошарка

Претседателот на Кошаркарската федерација на Србија, Предраг Даниловиќ, поднесе оставка од функцијата. Како што дознава српски „Курир“, Даниловиќ истакнал дека не сака да го менува статутот на Федерацијата за да остане на кормилото и по осум години.

Сепак, членовите на Управниот одбор не ја прифатиле оставката на Саша Даниловиќ.

Даниловиќ изразил благодарност пред сè на своите соработници, членовите на Управниот одбор, државата Србија и истакнал дека инвестициите во спортот се поголеми од кога било и дека тоа резултирало со успех кој го прави горд.

На седницата, како што дознава „Курир“, се нагласило дека резултатите на Федерацијата, како на тимовите така и на репрезентациите, се подобри од кога било. Од 2014 година до денес, Србија освоила 32 медали, што е неверојатен успех, во споредба со претходниот период кога тимот можеше да се пофали само со еден медал за цела деценија.

- Оглас -

Најнови вести