Данска ќе биде страв и трепет на ЕП, ја растурија Норвешка во контролка

Актуелниот светски ракометен првак Данска покажува дека ќе биде еден од главните фаворити за освојување и на европското злато, на континенталниот собир кој следната недела ќе стартува во Унгарија и Словачка.

Данска која е во група со Македонија, Словенија и Црна Гора, во контролен меч, денеска убедливо со 35:25 ја победи Норвешка. Уште во првото полувреме Данците покажаа сила и со фуриозна игра во нападот, по првите 30 минути имаа водство од 21:16.

Фаворитот во второто полувреме не само што ја сочува предноста, туку продолжи во ист ритам, па и вторите 30 минути ги доби со пет гола предност, за конечни 10 гола разлика.

Голманот Никлас Ландин беше главен адут на Данска и имаше дури 13 одбрани за само едно полувреме во кое бранеше.

Македонија против Данска на Европското првенство ќе игра на 17 јануари во рамките од третото коло на групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести