Данска ќе се одмаздува за поразот на кој не сака да се сеќава

6853 Словачка – Луксембург (20.45 часот)

Словаците мора да го добијат овој меч во Трнава ако сакаат да играат на ЕП 2024. Словачка не знае за победа од јуни минатата година, а Луксембург има серија од пет меча по ред без пораз (четири ремија и една победа). Последните меѓусебни средби им беа со 2015 година, тогаш Словачка победуваше со 4-2 и 3-0, интересно е дека на сите пет пресметки имало барем три гола. Последните мечеви кои ги играа во ноември беа со резултат 0-0.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)

 

6855 Данска – Финска (20.45 часот)

Данците се главни фаворити во групата во која за второто место треба да се борат Финска, Словенија и Северна Ирска, па Данска на свој терен ќе сака со победа да ги стартува квалификациите. Финците имаат серија од шест меча по ред со 0-2 гола. Последниот меѓусебен дуел на овие селекции беше на ЕП во 2021 година, кога Кристијан Ериксен колабира на терен, тогаш победи Финска со 1-0, а на Данците не им беше до фудбал.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.96)

 

6856 БиХ – Исланд (20.45 часот)

Босанците во Зеница го пречекуваат Исланд, а ова е прв меѓусебен дуел на овие тимови во нивната историја. Овие тимови и Словачка ќе се борат за пласман на ЕП заедно со фаворитот Португалија, кој е со нив во група. БиХ дома има серија од четири победи по ред, сите со по еден гол-разлка, а Исланѓаните две години немаат победа на гости на официјален меч.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.79)

 

6857 Италија – Англија (20.45 часот)

Италија ја победи Англија во Лондон во финалето на ЕП во јули 2021 година, а лани во Лигата на нации, Аѕурите на двата меча против Англичаните освоија четири бода и не примија гол. Вечерва ќе се игра во Неапол, а традицијата најавува меч со не повеќе од три гола. Ова се два главни фаворити за првите две места во групата во која се и Украина, Македонија и Малта.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.77)

 

6702 Португалија – Лихтенштајн (20.45 часот)

Тука нема дилеми каков ќе биде конечниот исход, Португалија сигурно победува, само прашање е со колку голови разлика. Португалците имаат нов селектор и ќе бидат мотивирани да се докажуваат пред него, а тоа не е добро за гостите кои ќе се бранат со сите сили да избегнат катастрофален пораз. Кристијано Роналдо одамна нема играно на стадионот на Спортинг Лисабон, каде што ја почна кариерата, па и тој ќе сака да даде гол. Последниот меѓусебен дуел на овие селекции беше во 2009 година, тој пријателски меч заврши со 3-0 за Португалија.

Предлог тип: 3+ пол. (1.77)

- Оглас -

Најнови вести