Данскиот рекордер по бројот на титули, испадна од лига!

Данска е најракометната земја во светот, а кога си најтрофеен во една таква земја, јасно е за каков клуб треба да станува збор. Сепак, дека некогаш и најтрофејните може да го допрат дното, се потврди со тоа што му се случи на клубот Колдинг.

Со 14 титули во ракометното првенство на Данска, Колдинг е најтрофеен во историјата на оваа земја, но тоа не беше доволно да се спаси од испаѓање сезонава. Во последното коло од лигашкиот дел, на Колдинг му беше потребно да победи на гости против Сондерјиске, но и да чека пораз на Гринстед од БСХ. На крајот ниту едно од двете сценарија не се случи и Колдинг испадна од елитното друштво во данскиот ракомет.

Колдинг за првпат влезе во лигата пред 41 година. Првата титула ја освоија три години потоа, односно во сезоната 1986/1987 година. Тоа беше најава за доминацијата и 12-те титули во низа.  Последен пат шампионскиот пехар во витрините на Колдинг заврши точно пред 10 години.

Во Европа стигнаа до едно полуфинале во Купот на победниците на куповите и две полуфиналиња во Лигата, односно во Купот на шампионите. Од клуб со толку богата историја, Колдинг сега мора да го прифати фактот дека испадна од најдобрата ракометна лига во Данска.

- Оглас -

Најнови вести