Данскиот селектор најави дека не му е битно дали ќе победи против Хрватска

Данската ракометна репрезентација го обезбеди првото место во својата група и без никаков притисок го очекува дуеlот против Хрватска во последното коло на Светското првенство во Египет. Актуелните планетарни владетели се перфектни и имаат пет победи во исто толку меча, па веќе се фокусираат за четвртфиналето, иако вечерва играа против Хрватска во групната фаза.

Според последните информации, во таборот на данската репрезентација вчера неколку играчи се пожалиле на стомачен вирус и не можеа да тренираат. Селекторот Николај Јакобсен потврди дека најлошо се чувствува првата ѕвезда во тимот, Микел Хансен, а покрај бекот на ПСЖ, на стомачни болки се пожалиле уште седум-осум играчи. Јакобсен откри дека неговите ракометари нема да имаат притисок дека мора да ја победат Хрватска.

„Прво ќе видиме кои играчи ќе бидат физички подготвени за мечот со Хрватска. Најважно за нас е да имаме што е можно повеќе одморени и свежи играчи за четвртфиналето, кое ќе се игра в среда. Затоа победа против Хрватска по секоја цена не е опција. Мораме да се фокусираме на четвртфиналето. Никако победата не ни е императив против Хрватска“, рече Јакобсен.

Хрватска има теоретски шанси за пласман во четвртфиналето. Прво треба да чека Катар од 18 часот да слави против Аргентина, а ако тоа се случи, Коцкестите со евентуални два бода во дуелот со Данска, ќе стигнат до посакуваното второ место во групата и ќе обезбедат место во четвртфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести