Данците газеа во Бундеслигата и тогаш дојдоа велемајсторите од Бразил (Видео)

Бундеслигата презентираше многу интересно видео, со податоци за најдобрите странски фудбалери голгетери од почетоците на германското првенство, ребрендирано и познато како Бундеслига.

Данците беа без конкуренција од почетоците во 1963 година. Во Дортмунд една година претходно беше договорено да се игра натпреварувањето во сегашниот формат, познат како Бундеслига.

Продорот на Бразилците на почетокот од 90-те години на минатиот век многу брзо ги разреши дилемите, чии играчи странци се најдобри голгетери во Германија.

Погледнете го видеото што го презентира развојот и движењето од година во година на најдобрите стрелци странци во германското првенство.

- Оглас -

Најнови вести