Данците на пат кон полуфиналето, Хрватска остана последна

Данска ја победи Хрватска со 27:25, во последниот меч од денешната програма на Европското ракометно првенство. Со оваа победа Данска останува единствена непоразена во Група 1 и е на прагот од пласман во полуфиналето на континенталниот собир. Хрватска по овој пораз остана без ниту еден бод во главната фаза и без шанса за висок пласман.

Данците во текот на целиот меч имаа контрола на резултатот и не дозволија Хрватите во ниту еден момент да бидат во водство. Во средината од првиот дел Данска поведе со 8:4, но на полувреме фаворитот водеше само со еден разлика, 12:11.

Во второто полувреме Данците постојано водеа, но Хрватите не се предаваа. Беше 18:17, а во финишот разликата беше само два гола (26:24), но Данска не дозволи изненадување.

По три кола во Групата 1, табелата е: Данска 6 бодови, Франција 4, Исланд 4, Холандија 2, Црна Гора 2, Хрватска без бодови.

- Оглас -

Најнови вести