Данците сметаат дека мора да ја победат Македонија за да ја одбранат својата фудбалска репутација

Данска мора да забележи победа в четврток навечер против Македонија ако сака да ги одржи надежите за пласман на Светското првенство 2026.

Не станува збор само за обичен натпревар, туку за бараж-дуел, кој ќе ги загуби и шансите дека може да биде дел од Мундијалот. Токму ова им прави голем притисок на данските фудбалери кои се сметаат за големи фаворити во пресрет на пресметката со нашиот национален тим.

Според данскиот фудбалски експерт, Мортен Брун, во прашање не е само пласманот на Светското првенство.

„Станува збор за нашата репутација и самопочит. Данска беше прв носител во квалификациите, па поради тоа е разочарувачки што се наоѓаме во овие плејоф-натпревари. Можеме да се сметаме за една од големите фудбалски нации во Европа. Но, ако прво се соочиме со Белорусија, Шкотска, па потоа Македонија и Чешка/Ирска, тогаш мора да ја обновиме таа репутација“, вели Мортен Брун.

Данската репрезентација беше присутна на последните четири големи натпреварувања, а ако успее да се пласира и на СП 2026, тоа ќе биде само вторпат во историјата Данците да учествуваат на пет последовни европски или светски првенства.

Првата можност Данска ја испушти во ноември, кога на домашен терен на „Паркен“ ремизира 2-2 со Белорусија, а потоа загуби 4-2 од Шкотска на гости неколку дена подоцна. Последните настапи на селекцијата на Брајан Ример оставаат сомнеж и создаваат дополнителен притисок кај данските фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести