Дарио Ивановски и Мила Рељиќ ќе го носат македонското знаме на отворањето на ЛОИ во Париз

Олимпискиот комитет на Македонија на прес-конференцијата ги претстави шестемина македонски спортисти кои ќе учествуваат на Летните олимписки игри во Париз.

Македонската делегација утре заминува во Париз, каде што од 26 јуни до 11 август ќе се одржат Игрите.

Објавено е дека знаменосци на свеченото отворање в петок вечер ќе бидат нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски и таеквондистката Мила Рељиќ.

Пливачката Ива Петровска поради здравствени причини беше принудена да го откаже својот настап, па наместо седуммина, Македонија ќе ја претставуваат шестмина спортисти.

Први на борилиштата ќе се појават Никола Ѓуретановиќ (пливање/400 метри слободно) и Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка) на 27-ми јули.

Џудистот Еди Шерифовски ќе настапи на 30 јули, Рељиќ ќе настапи од 7-10 август, борачот Владимир Егоров (категорија до 57 килограми) на 8 август, а последен ќе се појави маратонецот Ивановски на 10.

Ракометната судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја предводат листата на наши арбитри на најголемиот спортски настан во Париз, а во Париз ќе судат и Иван Михајловски во триатлон и тениската судијка Анета Павловска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести