Дарио оди кон целта, а во Мајами на разгласот се слуша Македонија (Видео)

Освојувањето на второто место на Дарио Ивановски на полумаратонот во Мајами, потврди дека најдобриот македонски атлетичар на долги и средни патеки е во задоволителна форма.

Дарио додека ги трчаше последните метри кон целта, беше најавен како маратонец од Македонија, без додавката со географска одредница.

„Со број 58, Дарио Ивановски од Македонија“, рече спикерот, чиј глас се слушаше надалеку преку разгласот во Мајами.

- Оглас -

Најнови вести