Дарко Панчев скршен од болка, без зборови е после смртта на Михајловиќ

Веста за смртта на Синиша Михајловиќ, очекувано ја потресе и македонската легенда Дарко Панчев, кој беше соиграч на Михајловиќ во сезоната кога Црвена ѕвезда стана европски првак.

Од српски „Блиц“ побарале изјава од Панчев, а тој бил длабоко потресен и се извинил што не може да зборува.

„Не знам што да ви кажам, не можам да зборувам. Ме погоди ова, катастрофа. Едноставно немам сила да зборува за ова. Жал ми е, во некоја друга прилика ќе зборуваме“ – рекол тажниот Панчев.

- Оглас -

Најнови вести