Дарко Велковски остана без тренер

Риека и Дарко Велковски останаа без тренер по поразот во вчерашното дерби од Хајдук со минимални 0-1, по што Симон Рожман си поднесе оставка.

Словенечкиот стратег кој го предводеше тимот до освојување на хрватскиот Куп и пласман во групната фаза во Лигата на Европа, го напушти кормилото по само 11 дена откако ја обнови соработката со Риека.

Под негово водство екипата забележа низа од три порази и две ремија во последните пет кола од хрватското првенство, додека тамошните медиуми веќе го најавија заменикот на Рожман, станува збор за Горан Томиќ, поранешен предводник на Локомотив.

- Оглас -

Најнови вести