Давид де Хеа се враќа во татковината и прави изненадувачки трансфер?!

Шпанскиот голман, Давид де Хеа, се чини дека после четири месеци пауза повторно ќе го гледаме на фудбалски терени, но не во Премиер лигата, тука во Ла Лига. Голманот летово си замина од Манчестер јунајтед после 12 години минати на “Олд Трафорд“, а во летниот преоден рок се поврзуваше со неколку клубови, како Реал Мадрид, Баерн Минхен, но и со трансфер во Саудиска Арабија. Сите овие опции беа одбиена од Де Хеа.

Но, се чини дека крајот на паузата е тука. Според најавите на шпанските медиуми, голманот се враќа во татковината и ќе застане на голот на Бетис, клуб чиј гол во моментов го чува 40-годишниот Клаудио Браво. Дополнително, резервниот голман на Бетис, Руи Силва, е повреден, па вратата на клубот од “Бенито Виљамарин“ е ширум отворена за Де Хеа.

Доколку се реализира овој трансфер, тоа ќе биде враќање на шпанецот во татковината после 12 години, откако во 2011-тата направи трансфер од Атлетико Мадрид во Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести