На Давид Луиз не му се спиеше додека тимот на Арсенал патуваше со автобус низ Дубаи, каде што е на „тим билдинг“, па реши да се шегува и да им ги затне носевите, со цел да ги разбуди оние колеги кои пробуваа да заспијат по напорниот тренинг и притоа ги снимаше. Бразилецот е задолжен за релаксација и атмосферата во тимот, но на некои од колегите не им беше смешно што тој ги будеше.
По четири успешни „акции“, кога дојде редот на Џо Вилок, тој замавна со раката и му го турна и скрши мобилниот на Луиз.