Давид Силва позитивен на ковид-19 се појави на промоцијата во новиот клуб (фото)

Давид Силва нема по добро да го памети првиот ден како член на Реал Сосиедад. Легендата на Манчестер сити денес имаше промоција во новиот клуб, а претходно утрото беше тестиран за ковид-19.

Откако церемонијата заврши и Силва ја одржа прес-конференцијата, се потврди дека Шпанецот е позитивен на корона-вирус. Сега му следува самоизолација од две недели пред да може да се приклучи на подготовките за новата сезона, која почнува на 12 септември.

https://twitter.com/RealSociedadEN/status/1300392901164314628

- Оглас -

Најнови вести