Давид Силва се запиша и во петтата клупска книга со голови (Видео)

Давид Силва се запиша и во петтата различна книга во клупската кариера, со погодок за Реал Сосиедад, кој му е петти клуб досега.

Шпанскиот ас играше за Валенсија, потоа и за Еибар и Селта како позајмен играч, па за Манчестер сити и сега за Реал Сосиедад и од денеска е стрелец за сите клубови заа кои настапувал.

Во 24. минута беше прецизен против својот поранешен клуб Селта и на „Балаидос“ гостите од Сан Себастијан поведоа до голот првенец на поранешниот шпански репрезентативец.

По него прецизни беа и Ојарзабал и Жозе Вилијан, па со триумфот против Селта, кој е на прагот по предноста од 3:1 на петнаесеттина минути до крајот, Реал Сосиедад ќе се врати на врвот на табелата во Ла Лига со 17 бодови од 8 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести