Давитков е минато, Македонија ќе има нов селектор

Октај Махмути е најсериозен кандидат за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија откако на актуелниот предводник Јорданчo Давитков договорот му истече и нема да биде продолжен, објави Перо Антиќ.

Претседателот на Кошаркарската федерација најави дека македонски тренер што работи во странство ќе биде новиот кормилар.

Ги има неколку, меѓу нив е и Октај Махмути, но и Сашо Филиповски, а прв кандидат е родениот скопјанец Махмути.

Сепак, треба да се почека до именувањето на новиот селектор.

Новото раководство денеска откри дека извештајот на ревизорска куќа потврдува дека имало нелеглани дејанија на претходната гарнитура што раководеше со нашата кошарка на чело со Петар Наумоски.

- Оглас -

Најнови вести