Де Бројне ги смрзна Граѓаните со една изјава

Ѕвездата на Манчестер сити Кевин Де Бројне, посочи дека би бил приморан да бара нов клуб доколку раководството на Сити не ја тргне или пак намали забраната од УЕФА за настап во Лигата на шампионите. Засега стои суспензијата Граѓаните во следните две сезони да немаат право на настап во европските натпреварувања без разлика каков ќе биде нивниот пласман во Премиер лигата, а доколку нивната жалба биде одбиена, може да останат без еден од клучните играчи.

„Во моментов само ја чекам разврската. Му верувам на клубот дека ќе го реши овој проблем, самите ме уверуваа дека го докажат спротивното од она што се тврди во казната. Кога ќе донесе конечната одлука ќе ги рагледам сите опции. Две години без ЛШ е многу, една година некако ќе се издржи, но не знам дали би можел да чекам две години“, истакна Де Бројне.

Од моментот кога се потврди казната од УЕФА, се појавија шпекулации дека главните играчи на Сити на чело со менаџерот Пеп Гвардиола веќе ги спакуваа куферите и се отселија од Манчестер, меѓутоа тоа не е случајот. Напоредно се работи да се продолжат договорите токму на Де Бројне, Стерлинг, додека Гвардиола потврди дека до крај ќе го испочитува договорот, кој му важи до јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести