Де Бројне пак се повреди

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бројне, повторно се здоби со повреда на коленото во вчерашниот триумф на „граѓаните“ против Фулам од 2-0. Белгиецот во 86-тата минута мораше да го напушти теренот, по еден незгоден пад на противничкиот играч врз неговата нога, по што де Бројне направи гримаса.

Поради повреда на коленото, од која се врати пред скоро време, ѕвездата на Сити беше надвор од редовите цели два месеци и пропушти 10 натпревари, а потребни се дополнителни прегледи за да се утврди дали се работи за сериозна повреда и колку време ќе го тргне од терените.

Шампионот на Англија викендов игра против тимот на Саутхемптон во рамките од 11-тото коло во Премиер лигата, додека во среда на свој терен го пречекува Шахтар Доњецк, во четвртиот меч од групната фаза во ЛШ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести