Де Бројне: Сакам да играм со Кристијано Роналдо, би растурал со асистенции!

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бројне, откри дека желба му е да игра заедно со Кристијано Роналдо. Белгиецот смета дека неговиот број на асистенции ќе се зголеми уште повеќе ако игра заедно со Португалецот, кој во моментов го носи дресот на Јувентус.

Де Бројне сезонава има 16 додавања за гол за Сити и се наоѓа на првото место на најасистенти во Премиер лигата, а второто место го држи Трент Александер-Арнолд од Ливерпул со четири асистенции помалку.

За време на изолацијата, Де Бројне даде интервју, а освен Роналдо, рече дека би бил добар во тандем и со некогашната ѕвезда на Арсенал, Тјери Анри.

„Би сакал да играв со Анри или со некој како Кристијано. Сакам да играм со креативни играчи. Ако има некој брз, кој влегува остро во противничкиот 16-ник, и тоа многу би ми помогнало. Играв со фантастични плејмејкери, но има напаѓачи со кои би сакал да сум во ист тим. Ако играв со Кристијано или Анри, моите асистенции ќе беа многу повеќе. Кога играте со Кристијано, топката да биде и на три метри висина при центаршут, тој може да ја стигне”, заклучи Де Бројне.

- Оглас -

Најнови вести