Де Бројне: Воопшто не ме засега новиот стадион на Тотенхем

Тотенхем и Манчестер сити утре ќе ги одмерат силите во првиот од двата четвртфинални дуели во Лигата на шампионите. Екипата од Лондон за првпат ќе игра европски меч на новиот стадион кој го отворија минатата недела, но за фудбалерот на Сити, Кевин де Бројне, не прави никаква разлика на кој терен ќе се игра мечот.

„Воопшто не ме засега новиот стадион на Тотенхем. Ниту малку не е важно каде ќе се игра мечот, ме интересира само противникот. Сите зборуваат колку е посебен, но јас не гледам разлика меѓу овој стадион и ’Вембли’. Факт е дека сите клубови имаат стадиони и навивачи, но можеби тие се малку повозбудени од нас“, истакна Де Бројне.

За изградбата на ултра-модерниот стадион кој има капацитет повеќе од 62.000 седишта, Тотенхем потроши речици едма милијарда фунти, а засега го носи името „Тотенхем хотспур стадион“. Допрва треба да се официјализира соработката со компанијата за спортска опрема „Најк“ (нивен спонзор и производител на дресовите), како што беше најавено дека стадионот ќе го носи името на американскиот спортски бренд.

Утре, покрај средбата меѓу Тотенхем и Манчестер сити (21 часот), силите ќе ги одмерат и Ливерпул и Порто на „Енфилд“, додека возвратните дуели на „Етихад“, односно „Драгао“ се предвидени за 17 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести