Де Бројне: Жал ми е што не направив повеќе, иако играв повреден

Белгија повторно во четвртфиналето го заврши својот настап на Европското првенство по поразот од 2-1 вчера против Италија. Аѕурите заслужено го добија дербито и против Шпанија ќе се борат за големото финале, а што се однесува до Црвените ѓаволи, ова е уште еден неуспех на златната генерација која никако да стигне до интернационално одличје.

Кевин Де Бројне беше видно разочаран за елиминацијата, но белгиската ѕвезда потврди дека го даде максимумот со оглед на тоа што играше повреден. Белгија воедно не сметаше на капитенот Азар, кој не стигна навреме да закрепне за разлика од неговиот соиграч.

„Првиот гол беше наша грешка, но за вториот немам зборови. Нè надиграа, ние едноставно не можевме да се составиме со топката. Жал ми е што не можев повеќе да помогнам, но чудо е што воопшто играв бидејќи лигаментите на зглобот ми се многу оштетени“, истакна Де Бројне.

- Оглас -

Најнови вести