Де Бројне: Му кажав на Компани да ми чува место во Андерлехт

Кевин де Бројне изјави дека би сакал кариерата да ја заврши во дресот на Андерлехт, трофејниот белгиски клуб чиј член летово стана Винсан Компани, човекот со кого Де Бројне неколку години играше заедно во Манчестер сити и во белгискиот национален тим.

Компани по 11 години во Сити, се врати во клубот од неговата рана младост.

„Се надевам дека тој во Андерлехт ќе има успешна кариера каква што имаше во Сити. Му кажав да ми чува едно место за да имам каде да одам по завршувањето со Сити за една или седум години. Ми недостасува Винсан во Сити“, рече Де Бројне, кој кариерата ја почна во Генк.

- Оглас -

Најнови вести