Де Бројне искрен: Лигата на нации е многу небитна, преценето натпреварување

Еден од најдобрите играчи во светскиот фудбал и водечки играч во репрезентацијата на Белгија, Кевин де Бројне, е разочаран што сезоната веќе не е завршена, туку сега мора да се фокусира на репрезентативните обврски.

Белгија, како и останатите европски репрезентации, ќе одигра четири меча само во 10 дена, како дел од новата сезона во Лигата на нациите. Белгија ќе игра двапати против Полска и по еднаш против Холандија и Велс во рамките од Сегментот А, каде што се елитните селекции.

„Лигата на нации е небитна. Тоа се преценети пријателски натпревари кои се играат по завршување на една долга и тешка клупска сезона. Воопшто не се радувам на овие дуели“, искрено одговори де Бројне, кој сезонава одигра 45 меча за тимот на Манчестер сити, а имаше и четири средби во репрезентативниот дрес на Белгија.

- Оглас -

Најнови вести