Де Бројне премногу самоуверен: Може да бидеме шампиони и со 85 бодови

Новата сезона во Англија започнува со мечот од Комјунити шилд меѓу Манчестер сити и Ливерпул. Сити беше тимот кој доминираше во англискиот фудбал и освен што го освои првенството, се радуваше и на трофејот во Купот. Сега Граѓаните ќе се обидат да продолжат со жетвата на трофеи.

Еден од најдобрите играчи на Манчестер сити, Кевин де Бројне вели дека неговиот тим може да ја продолжи доминацијата во Премиер лигата и тоа на многу полесен начин. Де Бројне е убеден дека шампионскиот пехар може да се освои само со 85 освоени бодови.

„Нема потреба да ја подобруваме формата од минатите две сезони. Мислам дека овојпат може да стигнеме до трофејот и со 85 бодови. Ќе биде тешко. Ќе биде убаво да продолжиме таму каде што застанавме во Премиер лигата“, рече Де Бројне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести