Де Хеа прими два гола на „прва статива“, а Лингард утна топка од 2 метри за да израмни (Видео)

Манчестер сити има водство од 2-0 на Олд Трафорд против градскиот ривал Манчестер јунајтед и е на добар пат да се искачи на врвот на табелата во Премиер лигата. По првото полувреме немаше голови, а во 54 минута Бернардо Силва донесе радост за гостите. Силва шутираше не многу силно, но успеа да го измами Давид де Хеа, кој во првото полувреме бранеше многу потешки удари на гостите.

Само што примија гол, Јунајтед имаше шанса да израмни, но Џеси Лингард се посрамоти откако ја утна топката, иако пред себе имаше празен гол.

https://twitter.com/muddu_21/status/1121145775352950786

Сити стигна до предност од 2:0 со голот на Сане во 66 минута и сега е многу блиску до посакуваната победа.

- Оглас -

Најнови вести