Де Јонг ќе ги пропушти и следните четири меча на Барса

Барселона официјално потврди дека Холанѓанецот Френки Де Јонг има повреда на мускул на листот во десната нога, а иако не е објавено колку време ќе паузира, за тој тип на повреда, обично требаат две недели за целосно закрепнување и враќање на терен.

Де Јонг не играше на гостувањето кај Севилја, каде лидерот на шпанската лига одигра 0-0, а ако паузира две недели, ќе го нема ниту на следните четири меча. Наредните четири дуели на Барса се дербија против Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид дома, и гостувања кај незгодните Селта и Вилјареал.

Пред прекинот на сезоната, Де Јонг пропушти само еден меч и тоа поради суспензија, избегнуваше повреди, но летово е поинаква приказната.

Трката за титулата е тесна, секој кикс може да биде кобен, и Барса ќе има тешка задача да ги добие сите овие четири меча, напорот да се игра на секои три-четири дена може да го земе данокот, иако тимот има широк состав со квалитетни фудбалери. Освен Де Јонг, во редовите на каталонците повредени се и Сержи Роберто и Дембеле, кои истотака нема да играат во вторник против Билбао.

- Оглас -

Најнови вести