Де Јонг од Барселона се сели во Англија, но не во Манчестер јунајтед

Во текот на целиот летен преоден рок се најавува заминување на Френки де Јонг од Барселона. Како прва опција за холандскиот репрезентативец беше Манчестер јунајтед, но сега стигнува пресврт во најавите.

Најавите се дека Челзи започнал директни преговори со каталонскиот гигант за доведување на Де Јонг на „Стемфорд бриџ“. Барселона за Де Јонг бара 80 милиони евра, а останува да се види дали Челзи ќе има буџет за да доведе уште едно квалитетно засилување во пресрет на новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести