Де ла Фуенте: Најдобар начин да се одбраните од Германија е силно да ја нападнете

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, пред четвртфиналниот натпревар со Германија сподели дека очекува рамноправен судир, додавајќи дека овој дуел е на ниво на финале.

„Ќе одиграме рамноправен натпревар, би можело да биде и финале. Ќе биде 50-50, многу рамноправно. Германија е одличен тим. Имаат многу стабилен, балансиран тим, имаат индивидуалнци, Џамал Мусијала, Флоријан Вирц. Тие се противник за финалето на Европското првенство или на Светско првенство. Најдоброто нешто е да се браниме со силен напад. Играме против ривал со слична идеја како нашата. Оној кој ќе направи помалку грешки, има поголеми шанси да го добие натпреварот”, изјави Де ла Фуенте.

Средбата меѓу Шпанија и Германија се игра утре од 18 часот во Штутгарт.

- Оглас -

Најнови вести