Де Лаурентис си игра со оган – Му ја понуди на Родригес иконата на Наполи

Аурелио Де Лаурентис не се помирува со доминацијата на Јувентус, сака повторно да направи тим што може да и конкурира на Старата Дама во битката за титулата, но и си поигра со оган.

Контроверзниот сопственик на Наполи му ја понуди легендарната „десетка“ што ја носеше Диего Армандо Марадона на Хамес Родригес, како мамка Колумбиецот да попушти и да дојде да игра за клубот од Неапол.

Марадона е жива легенда на Наполи и дресот со број 10 по него, повеќе од две децении е како икона на клубот и ниту еден играч не може ниту да и се доближи.

И сега Де Лаурентис одлучи да ризикува со традицијата и со трпението на навивачите, кои веќе негодуваат, но целта е атак на титулата во Серија А, каде Јувентус веќе осум години по ред е недостижен за сите конкуренти и нанижа осмица во серија.

Родригес моментно игра за Колумбија на Копа Америка, а речиси сигурно ќе го напушти Баерн веќе ова лето и ќе се пресели во друг клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести