Де Лихт формата ја одржува со жонглирање со тоалетна хартија (Видео)

Деновите во домашен карантин и изолација од надворешниот свет, не му паѓаат многу тешко на Матајс Де Лихт. Фудбалерот на Јувентус си наоѓа разни начини за трошење на времето кое обично го минува на тренинзи, па својата форма ја одржува со играње пинг-понг и со жонглирање. Но, тој не жонглира по дома со топка, туку со тоалетна хартија.

Пред да почне со егзибициите, ги изми рацете со средство, па и ова може да се каже дека е еден вид порака до фановите дека мора да се грижат за хигиената како еден од предусловите во борбата против коронавирусот.

Де Лихт покажа завидна техника, бидејќи не е лесно да се контролира тоалетот кој нема облик на топка:

https://twitter.com/i/status/1238933665280819200

- Оглас -

Најнови вести