Де Лихт слета во Торино и веднаш се обрати до фановите на Јуве (Видео)

Матајс де Лихт утре и официјално ќе стане нов член на Јувентус, а вечерва тој слета на аеродромот во Торино и утре пред да стави потпис, ќе оди на задолжителните лекарски прегледи. Де Лихт имаше одлична сезона во Ајакс, стана и незаменлив во тандем со Ван Дајк во одбраната на холандската репрезентација и за него се тркаа повеќе богати клубови, а битката ја доби Јуве.

Јувентус за Де Лихт ќе плати околу 75 милиони евра, а тој веднаш ќе им се придружи на своите нови клупски колеги и ќе биде дел од турнејата во Азија.

Де Лихт, кој има 19 години, веднаш по слегувањето на пистата, им испрати кратка порака на фановите на Јувентус: „Здраво бело-црни, јас сум Матајс, мило ми е што дојдов тука“.

- Оглас -

Најнови вести