Де Лихт со една изјава почна да ги расчистува дилемите

Дефанзивецот Матајс Де Лихт најверојатно веќе донел одлука да потпише за Јувентус. Шпекулациите дека младиот Холанѓанец ќе заигра за италијанскиот првак почнаа кога по дуелот од финалето на Лигата на нации, Роналдо срдечно се поздрави со Де Лихт.

Со одличните игри во дресот на Ајакс, Де Лихт беше мета на најголемите и најбогати клубови во Европа, а иако се навестуваше дека би заминал во Барселона, сепак тој сега е најблиску до Јувентус. Според италијанските медиуми, потписот ќе дојде за некој ден.

Сега Де Лихт флертува со „старата дама“ и вели дека Роналдо му бил омилен играч.

„Секогаш сум сакал да бидам Кристијано Роналдо. Кога си игравме во двор како деца, јас сакав да бидам Роналдо, кој тогаш уште играше за Манчестер јунајтед. Дури и мојот прв дрес ми беше од Роналдо“ – вели Де Лихт.

Дали ова беше моментот кој пресуди Де Лихт да ја прифати понудата од Јуве, или од претходно имаше одлучено?

https://www.youtube.com/watch?v=vNTC45fQBPk

- Оглас -

Најнови вести