Де Роси се пишмани – не оди во странство, останува во Серија А

Даниеле Де Роси кој е на одмор на Малдивите, веќе не ја исклучува можноста во следната сезона да заигра за друг италијански клуб, откако целата досегашна кариера ја мина во Рома. Фановите не можат да си го замислат Де Роси во дрес на друг клуб од Апенинскиот полуостров, но можно е тоа да се случи.

Имаше шпекулации дека Де Роси ќе се пресели во аргентинскиот гигант Бока јуниорс, но иако тоа не е исклучено, шансите за трансфер во Јужна Америка се намалија.

Разделбата на Де Роси со Рома беше емотивна, но на Малдивите изгледа сфати дека може да има живот и надвор од Рим, а добил и понуди од два-три тима, па почна да размислува да заигра за друг италијански клуб од Серија А. Ќе биде интересно да се види како фановите на „римската волчица“ ќе реагираат кога ќе го видат Де Роси во акција против нивниот и неговиот омилен клуб.

- Оглас -

Најнови вести