Дебакл на Милан, но Интер пропушти шанса да биде нов лидер во Серија А

Аталанта убедливо со 3:0 го победи Милан на „Сан Сиро“ во дербито на 19. коло во Серија А. Гостите од Бергамо во текот на сите 90 минути доминираа на теренот, а тоа го покажува и статистиката. Аталанта имаше 10 прецизни шута кон голот на Донарума, а три пати ја тресеа неговата мрежа. Милан имаше само еден прецизен шут во рамките на голот на противникот, што е премалку за екипа која е лидер во Серија А, да очекува да победи.

Ромеро со голот во 26 минута ја најави победата на гостите, а потврда за такво нешто стигна по погодоците на Иличиќ од пенал во 53 минута и радоста на Запата за успешно завршената акција во 77 минута.

Ова беше 600-ти меч за Златан Ибрахимовиќ во клупската кариера, но Швеѓанецот како да го немаше на теренот. За Милан дебитираше и Марио Манџукиќ, но и Хрватот беше немоќен да го спречи поразот.

Единствена добра работа за Милан од денеска е тоа што остана лидер во Серија А, бидејќи градскиот ривал Интер одигра без голови на гостувањето кај Удинезе. Ако Нераѕурите победеа и ги освоија трите бода, тогаш тие ќе беа на чело на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести