Дебакл на Реал среде Париз, Атлетико спаси бод против Јуве, Баерн, Сити и Динамо убедливи

ПСЖ го доби дербито против Реал Мадрид со убедливи 3-0 на „Паркот на принцовите“. Фантастичниот Анхел ди Марија беше архитектот на дебаклот на Кралевите среде Париз, со два гола и асистенција беше најдобриот играч во составот на Томас Тухел.

Иако Светците на теренот беа без Нејмар, Мбапе и Кавани, аргентинскиот офанзивец одигра еден од најдобрите мечеви во својата кариера токму против својот поранешен клуб. За 2-0 Ди Марија стрелаше во 14-тата и во 33-тата минута, а конечните 3-0 ги постави Мение во судиското надополнување пред финишот на мечот.

https://www.dailymotion.com/video/x7ld8ln

Атлетико Мадрид и Јувентус ремизираа при конечни 2-2 на „Ванда Метрополитано“. Јорганџиите успеаја да останат непоразени иако беа во негатива од два гола по еден час игра. Квадрадо и Матуиди стрелаа за Јувентус, додека Савиќ во 70-тата минута намали на 2-1, пред Ерера во 90-тата минута да го спаси составот на Симеоне од пораз.

https://www.dailymotion.com/video/x7ld8k6

Баерн Минхен рутинирано ја совлада Црвена ѕвезда со 3-0, со головите на Коман, Левандовски и Милер, а со идентични 3-0 славеше и Манчестер сити на гостувањето кај Шахтар Доњецк.

https://www.dailymotion.com/video/x7ld88k

Динамо Загреб ја растури Аталанта со високи 4-0 во фантастичното издание на Орсиќ, кој реализираше хет-трик. Локомотив Москва изненади на гостувањето кај Баер Леверкузен со триумф од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести