Дебакл во второто полувреме: Вардар потона во Порто

Порто не само што ја задржа резултатската предност од првото полувреме, туку домаќините истата ја подобрија и го добија дуелот против Вардар со убедливи 30:22. Европскиот првак наместо да го крене нивото на игра и да донесе неизвесност, ракометарите на Алушевски примија седум гола на стартот од второто полувреме и влегоа во големи проблеми.

Серијата од 7-1 беше клучна за домаќините да ја запишат првата победа во нивната историја против европскиот владетел. Порто со оваа победа изби токму пред Вардар на петтото место и се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, Вардар го обезбеди пласманот во претходното коло во победата против Мотор Запорожје.

- Оглас -

Најнови вести