Дебаклот со Италија ми уништи 33 години кариера

Искусниот италијански стратег Џампјеро Вентура и на 71 година не се откажува од активното работење, по што ја прифати понудата да го предводи второлигашот Салернитана. Вентура најде нов ангажман само по неколку месеци откако доби отказ од тимот на Киево, а на првата прес-конференција се потсети на деновите кога беше на кормилото на Италија.

„Можеби најголемата грешка во мојот живот беше што работев како селектор на Италија. По дебаклот против Шведска, ми пропадна во вода тридецениска макотрпна работа како тренер. Тоа беше доволно за луѓето да заборават на сè останато што ме прави горд во оваа работа“, истакна Вентура.

Аѕурите минатата пролет играа бараж против Шведска за пласман на Светското првенство кое се одржа во Русија, а по двомечот Швеѓаните беа тие кои се радуваа на учество на Мундијалот. Вентура потоа доби отказ, а истакна дека тој неуспех му ја уништил долгата трисет и тригодишна кариера како стратег.

Вентура ја започна тренерската кариера во 1976 година како предводник на младинскиот тим на Сампдорија. Цела кариера се задржа во Италија, а Салернитана ќе му биде 21-ви клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести