Деби гол за Атанасов на „Пољуд“, Хајдук не може никого да победи (Видео)

Јани Атанасов конечно го постигна првиот гол за Хајдук во хрватското првенство, откако конечно доби шанса да игра како стартер, но и неговиот погодок не му помогна на гигантот да ја прегрми кризата.

Хајдук загуби од Горица со 2:4 и го претрпе третиот пораз по ред. Гостите постојано водеа, а Хајдук бркаше негатива и не успеа да се спаси од пораз.

Атанасов го постигна првиот гол за Хајдук и беше прецизен во 24. минута за 1:1, но потоа гостите беа подобри и ги одбесоа бодовите од „Пољуд“.

Младинскиот репрезентативец на Македонија пристигна во редовите на хрватскиот прволигаш во септември годинава и потпиша тригодишен договор, а ова му е прв старт од почеток и прв гол за „Сплитските били“.

Голот на Атанасов можете да го погледнете ОВДЕ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести