Деби против Барса – гол за 121 секунда, деби против Реал – гол за 132 секунди

Хавиер Камило Кучо Ернандес е 19-годишен колумбиски напаѓач за кој веројатно допрва ќе се слушне. Кучо е член на шпанскиот тим Уеска, тим кој е последен во Ла Лига и има големи шанси да испадне, но тоа не му пречи на младиот Колумбиец да направи подвиг каков што веројатно не е виден во светот на фудбалот.

Очигледно е дека Ернандес е многу опасен на важните дебија. Тој е прв Колумбиец што дал голови против Реал и Барса на нивните стадиони.

Кучо синоќа на гостувањето на Реал Мадрид се појави во почетниот тим по пауза од седум натпревари и ја оправда довербата. Тој ја затресе мрежата на Реал само по 132 секунди игра. За Уеска ова беше историски меч и прво гостување на легендарниот стадион во Мадрид, па Ернандес не чекаше многу за да се запише како прв стрелец на Уеска во дуелите со најтрофејниот шпански клуб.

Интересно е што овие 132 секунди се и полош биланс за Кучо од она што тој го направи при гостувањето кај актуелниот првак Барселона. На „Камп ноу“, Кучо даде гол само по 121 секунда игра. Таму Уеска беше декласирана со 8-2.

Есеноска Кучо дебитираше за сениорската репрезентација на својата земја и даде два гола на пријателскиот меч со Костарика. Кучо влезе во игра во 72-рата минута и постигна гол само 30 секунди по влегувањето во игра.

- Оглас -

Најнови вести