Дебитантот го надигра Јокиќ, Денвер по вторпат за две недели декласиран од Оклахома (Видео)

Актуелниот шампион во НБА-лигата, Денвер нагетс утринава ја прекина серијата од шест победи по ред откако е поразен од тимот кој последен го совлада, Оклахома сити тандерс со 119:93.

Првата ѕвезда на тимот, Никола Јокиќ со 19 поени и 10 скока беше единствен расположен играч кај Денвер. Одлучувачки момент беше третата четвртина која Оклахома ја доби со 14 поени разлика и за вторпат во последните две недели го победи Денвер.

Интересно е што на последните четири дуели меѓу овие две екипи, секогаш славеле гостите.

Кај Оклахома сити тандерс блескаше Шеј Гилџес-Александер со 40 поени, а одличен беше и дебитантот Чет Холмгрен кој во директен дуел со Јокиќ даде 24 поени.

Милвоки бакс предводен од тандемот Јанис Адетокумбо – Дамиjан Лилард со 119:111 го совлада Кливленд кавалирс. Адетокумбо даде 34, а Лилард 31, додека кај Кливленд се истакнаа Донован Мичел со 34 и Џарет Ален со 30 поени.

Резултати: Орландо – Њујорк 117:108, Вашингтон – Бруклин 110:104, Атланта – Сакраменто 110:117, Бостон – Торонто 120:118, Кливленд – Милвоки 111:119, Хјустон – Филаделфија 127:131, Денвер – Оклахома сити 93:119, Феникс – Шарлот 133:119, Портланд – Сан Антонио 134:128, ЛА Клиперс – Мемфис 117:106,

- Оглас -

Најнови вести