Дебитантскиот гол на Педро ги разочара Нестор и Удинезе (видео)

Рома ја запиша првата победа во Серија А дури во третото коло, со минимални 1-0 Волчицата славеше против Удинезе на „Дачија арена“. Гостите од Рим се радуваа на трите бода благодарение на искусниот Педро, кој на мајсторски начин го постигна дебитантскиот гол за калчолигашот.

Рома поведе во 55-тата минута и одлучи да ја брани минималната предност, а Удинезе не искористи бројни шанси за израмнување. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, доби шанса да ги одигра последните десетина минути од средбата, меѓутоа не се најде во прилика да се закани кон голот на Миранте.

https://twitter.com/SportsferaMx/status/1312486738074324992

- Оглас -

Најнови вести