Дебито му е енигма – Де Бур редовно трпи пораз кога презема нова работа

Холандија вчера ја загуби контролката против Мексико со минимални 0-1 по погодокот на Раул Хименес од пенал, што за новиот селектор Франк де Бур значеше пораз во дебито на клупата на Лалињата.

За некогашниот холандски репрезентативец тоа не е ништо ново бидејќи пораз во менаџерско деби трпеше и во претходните екипи кои ги водеше.

Како нов тренер на Интер во 2016 година, тимот на Де Бур тргна со пораз од Киево, а на „Џузепе Меаца“ не се задржа ниту три месеци пред да добие отказ. Де Бур потоа се проба во Премиер лигата како предводник на Кристал палас, каде што беше отпуштен само по 10 недели откако Орлите од Лондон претрпеа седум последователни порази во исто толку кола на стартот од сезоната.

Таквите неуспеси го натераа Де Бур да си најде покрив во МЛС-лигата, во франшизата на Атланта јунајтед. Во првиот официјален меч на Де Бур како тренер на Атланта загуби од Ди-Си јунајтед со 2-0. Со исто темпо продолжи на репрезентативно ниво, Де Бур во првиот меч не се покажа како адекватна замена за Роналд Куман, па ќе мора што поскоро да го најде победничкиот рецепт.

За три дена Холандија ѝ гостува на репрезентацијата на БиХ во Лигата на нациите, па ќе се види дали Де Бур ќе се радува во официјално деби или пак ќе продолжи со неславниот рекорд.

- Оглас -

Најнови вести