Дефанзивецот Рубен Везо бранеше девет минути, а Реал не му шутна ниту еднаш

Екипите на Леванте и Реал Мадрид одиграа лудо второ полувреме со голови, пресврти и црвен картон за голманот на домашните. Средбата заврши 3-3, а во 87-мата минута голманот Аитор Фернандес беше исклучен поради играње со рака надвор од 16-никот. Проблемот беше што Леванте веќе имаше направено пет измени, па во финишот мораше да брани некој од играчите.

Во последните три минути од регуларниот дел и шесте од судиското продолжение, улогата на голман ја глумеше Португалецот Рубен Везо, кој веднаш ги зеде ракавиците и застана меѓу стативите.

За среќа на Везо и Леванте, гостите од Мадрид не упатија ниту еден шут кон голот во деветте минути додека Везо беше голман, па мечот заврши нерешено.

- Оглас -

Најнови вести