Дефинитивно: Баражот Македонија – Косово на 8 октомври!

Македонската фудбалска репрезентација по две одложувања, полуфиналето од плејофот во Лигата на нациите во Лига Д официјално ќе го игра на домашен терен против Косово на 8 октомври.

УЕФА реши полуфиналињата од баражите да се играат на 8 октомври, а ако се пласираме во финалето, клучниот меч за место на ЕП 2021 ќе биде на 12 ноември, на гости против Белорусија или Грузија.

Според планот на раководството на УЕФА, во октомври и ноември ќе треба да се играат уште по два меча од новата сезона во Лигата на нациите, но секако фокусот ќе биде на клучниот меч со Косово, кој е претпоследна пречка до пласман на континенталното првенство.

Првично, Македонија дуелот со Косово требаше да го игра на 26 март со публика, но поради пандемијата со ковид-19, натпреварот двапати беше одложуван.

- Оглас -

Најнови вести