Дефинитивно: Белингам не игра против Македонија!

Англиската фудбалска асоцијација потврди дека Џад Белингам и Леви Колвил нема да бидат во комбинација за настап на претстојните мечеви со Малта и Македонија. Ѕвездата на Реал Мадрид не беше во составот ниту во јуни, кога Англичаните победија со 7-0.

Ова значи дека љубителите на фудбалот во Македонија нема да имаат прилика да го видат еден од најдобрите светски фудбалери во моментов. Белингам се појави во тренинг-кампот на Англија и беше прегледан од лекарите. Потврдено е дека има повреда на рамото и нема да се ризикува со него.

Белингам се враќа во Мадрид и таму ќе ја продолжи рехабилитацијата од повредата здобиена на меч со Рајо Валјекано.

- Оглас -

Најнови вести